Хранливост и нутритивна вредност – со што нè снабдува пилешкото месо



Пилешкото месо претставува огромен извор на хранливи материи и се смета дека е еден од најголемите извори на протеини, со понизок процент на маснотии од другите типови месо. Протеините се важни за човечкиот организам бидејќи се дел од повеќе различни процеси: одржување на коскената маса и превенција од ризикот за појава на остеопороза, зајакнување на метаболизмот и забрзување на согорувањето на мастите, како и за намалување на крвниот притисок.


Ова месо е добар извор и на натриум потребен на телото за правилна функција на мускулите и нервите, а истовремено и за контрола на крвниот притисок. Пилешкото месо содржи и многу витамини и минерали меѓу кои селен, фосфор, витамин Б6 и Б3.

Од исклучително значење е да се каже дека разлика во хранливата вредност и квалитетот на составот меѓу пилешкото свежо и замрзнато месо, нема. Сите хранливи материи кои ги содржи пилешкото месо, остануваат со иста хранлива вредност и при неговото замрзнување. Нивото на истите останува непроменето од моментот кога е замрзнато и се додека стои во замрзнувач под 0°C. Што значи дека кога ќе сакате да го одмрзнете и подготвите, хранливоста ќе биде иста како и пред замрзнување. 


Ако се двоумите дали замрзнато или свежо пилешко месо, погледнете го истражувањето  на СајенсДирект за хранливоста на двата типа на месо. Според овие истражувања не се утврдени разлики во подготовка на замрзнато или свежо месо. Во некои примери, резултатите за арома, текстура, вкус, свежина, сочност или вкупен квалитет се дури и подобри од замрзнатиот отколку од незамрзнатиот производ.

За да биде замрзнатиот производот добар, важно е да се чува во соодветни услови и да се стандардите за замрзната храна исполнети. Такви услови се предуслов за идентичен вкус на замрзнатото пилешко со свежото, потенцираат и од компанијата Слога Пром каде има  долгогодишно искуство во секторот на замрзната храна.


Замрзнато и чувано според пропишаните препораки и квалификации, пилешкото замрзнато месо покрај сите здравствени придобивки има и огромни хранливи вредности.