Храната со која ќе ги разгорите страстите помеѓу себе



За една вистински романтична и страсна вечер само миризливи свеќи и убавото црвено вино не се доволни. За да ги разгорите страстите, важно е какви јадења ќе ставите на маса.

Еве краток список со некои од најсилните афродизијаци:

Аспарагус

Овој зеленчук дефинитивно влијае на вашето либидо. Аспарагусот содржи витамин Б6 и фолна киселина. Освен тоа е богато и со витамин Е, кој ги стимулира половите хормони и кај мажот и кај жената.

Авокадо

Покрај сите други корисни својства, авокадото ќе ја подобри и сексуалната желба. Авокадото е полно со минерали, мононезаситени масти (оние кој го намалуваат холестеролот и чуваат срцето) и витамин Б6 – сето тоа го зголемува тонусот и желба за секс.

Лути пиперки

Класика во афродизијаците! Нивните својства се должат на капсаицинот, кој се содржи во големи количини. Токму капсаицинот предизвикува лачење на ендорфин во мозокот, кој предизвикува еуфорија.

Чоколадо

Ненапразно за секој вљубените најчести се чоколадните искушенија во форма на срца. Тоа лакомство содржи триптофан, кој му помага на телото да произведе серотонин – природна хемикалија која игра важна улога во сексуалната возбуда. Покрај тоа, чоколадото го обезбедува организмот со фенилетиламин – хемикалија која се излачува во моменти на среќа.

Остриги

Остригите се богати цинк, кој ги прави суперхрана и афродизијак. Минералите му помагаат на телото да произведува тестостерон – хормонот кој е од клучно значење за мажите и женското либидо. Истражувања докажаа дека цинкот го подобрува бројот и брзината на сперматозоидите и ја зголемува потенстността на мажите. За жените цинкот помага на јајниците, како извор на естроген и прогестерон.