Храна која може да ве отруе! Никако не ги подгревајте овие јадења


Овие јадења никако не смеете да ги подгревате, може да се отруете! Дали некогаш сте направиле полна тава мусака, спанаќ или чорба од печурки и секако, бидејќи не сте успеале се` да изедете, сте оставиле нешто и за утредента? Седниот ден, ќе го подгреете тоа јадење, несвесни за штетноста на тоа. Прочитајте зошто не би требало да го правите тоа.

Сите ние, многу често, подготвуваме јадења за повеќе денови, па дополнително ги подгреваме. Меѓутоа, некои намирници тогаш го менуваат својот состав и ги губат своите хранливи својства, а дури стануваат и токсични. Еве за која храна се работи, велат од segamk.blogspot:

Печурки

Печурките најдобро е да се јадат веднаш после подготовката, а ако ви останат за друг ден, подобро е да ги јадете ладни. Тоа важи и за супите, чорбите и рижото кои се подготвуваат со печурки. При подгревањето на печурки доаѓа до промена на составот на протеини, па дури и до промена на вкусот на самата храна. Тие тогаш може да предизвикаат разни дигестивни проблеми, а ги губат и своите здравствени предности.

Пилешко месо

Исто како и кај печурките, кај подргревањето на месо доаѓа до промена во составот на протеините. Поради тоа не се советува подгревање на високи температури, особено на пилешкото месо кое содржи повеќе протеини од црвеното месо. Ако тоа сепак го правите, подобро ставете го на пониска температура и подолго време подгревајте го.

Страни: 1 2 3