Хороскоп за јануари 2016 година



{-ОВЕН-}


Љубов

Јануари ќе ви донесе жежок почеток на годината и ќе ви покаже дека среќата ги следи храбрите. Сексапилниот Марс уште на третиот ден од годината ќе се пресели во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимноста и ќе остане таму до 6 март. Вашата моќ на заведување ќе стане огромна, па додворувачите упорно ќе се вртат околу вас дури и ако сте ги одбиле претходно.


Доколку сте во врска, сексуалната хемија меѓу вас и партнерот ќе стане посилна одошто во претходната година, па често и најневините допири ќе се претвораат во страсни авантури во спалната соба. Марс ќе поттикне некои овни да ја пренесат врската на следното ниво, додека други ќе инвестираат во заеднички дом или бизнис со саканиот.
Сонцето ќе ги помине првите три недели од јануари во јарец, вашата 10-та куќа на мажите и долгорочното планирање. Сериозноста ќе ви стане критериум број еден на љубовен план. Шегобијците и женкарите ќе исчезнат од вашата листа, а на неа ќе се сместат само лица кои знаат да ве почитуваат и кои стојат зад сопствените зборови.

Венера, планетата на љубовта и убавината, до 23 јануари ќе престојува во стрелец, вашиот сектор на слободата и оптимизмот. Ризикувајте во љубовта, но притоа внимавајте да не ги чувате розовите очила предолго на вашето лице. Можно е да издигнете на пиедестал лице кое ви буди романтични чувства, одбивајќи да ги видите неговите недостатоци.


23 и 24 јануари се едни од најсреќните денови од годината за вас, искористете ја максимално секоја минута од нив, па макар и тоа да значи да си го скратите сонот.

Работа

Првиот месец од годината ве поттикнува да вложувате во одредена идеја рака за рака со друга личност. Марс, планетата на енергијата и мотивацијата, речиси цел месец патува во вашиот сектор на заедничките инвестиции и богатството. Две глави се помудри од една, па престанете да трчате сами низ животот и здружете ги ресурсите со доверлив истомисленик.

Внимавајте на деталите на работното место по 7 јануари, бидејќи клучот кон успехот за вас е во ситниците. Јупитер, планетата на среќата и богатството, на тој датум преминува во ретроградно движење во вашата 6-та куќа на организацијата. Доколку сте на висока позиција, можно е да ангажирате асистент кој ќе ви помага да се организирате.

Започнете го вашиот следен проект на 10 јануари, кога ќе настапи млада месечина во вашата 10-та куќа на работата и парите. Новите почетоци се за претпочитање на овој датум.

Здравје

Нема да брзате никаде во текот на јануари, па ќе го претпочитате умереното темпо на физичка активност пред интензивните тренинзи. Ретроградното движење на планетата на оптимизмот, Јупитер, ќе ве поттикне повеќе да внимавате на точното изведување на вежбите одошто на бројот на повторувањата.
Не се изненадувајте ако целосно го промените вашиот начин на хранење. Некои овни ќе одат и во екстремности како диета без глутен или избирање вегетаријански начин на живот.

{-БИК-}

Љубов
Хармонични односи, оптимизам и безрезервна љубов ќе ви донесе првиот месец од годината. Со саканиот ќе си кажете „Среќна Нова година“ со силна прегратка и секси бакнеж под влијание на романтичната Венера, која ќе престојува повеќе од три недели во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимноста. Некои сингл бикови токму на новогодишната ноќ ќе си дозволат чувствата да ги понесат и да паднат во прегратката на лице кое долго време ги заведувало.
И Марс ќе навива за да влезете во врска во текот на јануари. На третиот ден од новата година, огнената планета ќе ги пренесе своите пламени јазици во вашата 7-ма куќа на љубовта и зближувањето. Можеби нема да ви се верува, но толку лицето кое неодамна сте престанале да го меркате сега ќе ве опсипе со комплименти и покани за излегување.
Ако сте во врска, Марс ќе ве поттикне да водите љубов, а не војна. Иако ретроградното движење на комуникативниот Меркур често ќе ве носи на работ на избувнувањето, страсниот Марс ќе ви потшепнува дека не вреди да го уништувате она што долго го создавате поради моментална нервоза. Умешно ќе ја прикривате лутината со насмевка.
Ваш поранешен партнер ненадејно ќе се појави во вашите мисли или во вашиот живот по 7 јануари, кога среќниот Јупитер ќе започне да се движи ретроградно во вашата романтична 5-та куќа. Љубовта е најслатка кога доаѓа неочекувано, а авантуристичкиот Јупитер ќе ви го приреди токму тоа овој месец.
На 24 јануари настапува полна месечина во лав, вашата 4-та куќа на семејството и децата. Некои бикови ќе ги запознаат родителите на својот партнер, други ќе создадат заеднички дом со саканиот, додека трети ќе донесат одлука за проширување на семејството.
Работа
Нема да престанувате да зборувате за вашите идеи и планови во текот на јануари, а тоа ќе ви помогне да ги најдете вистинските сојузници со кои ќе ги реализирате вашите замисли.
На 2 јануари комуникативниот Меркур влегува во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање. Додека сите ќе слават и ќе ја поттурнуваат работата на второ место, вие вредно ќе ги кроите вашите планови за иднината. Можно е спонтан разговор за време на новогодишните и божиќни прослави да роди ново партнерство кое ќе ви донесе огромен финансиски успех и престиж.
Амбициозниот Марс на 3 јануари ќе се пресели во вашата 7-ма куќа на партнерствата, каде ќе остане до крајот на месецот. Ова е одличен период за потпишување на договори за соработка.
Здравје
Оптимизмот ќе ве поттикнува да си поставувате преголеми фитнес цели во текот на месецов и ќе се стремите кон совршенство. Некои бикови ќе бидат привлечени од поекстремен спорт. Сонцето речиси три недели ќе патува во вашата 9-та куќа на оптимизмот и слободата, правејќи ве склони кон џиновски промени во стилот на живот.
Имајте предвид дека Уран, планетата на радикалните промени, е во вашиот сектор на одморот и лекувањето. Доколку сте се измачувале со недоволен сон или порок, Уран ќе ви помогне полена, но сигурно, да си го вратите животот во нормала.

Страни: 1 2 3 4 5