“Хормонот на љубовта” може да лекува анорексија



Хормони произведени за време на раѓање и секс, може да бидат користени за третман на нарушувања во исхраната, како анорексија, пишува БиБиСи.


Студии на британски и корејски научници покажуваат дека пациентите се помалку склони да бидат опседнати од типот на храната.

Околу еден на секои 150 адолесценти девојки страдаат од оваа состојба. Окситоцинот е хормон кој се ослободува природно за време на физичка конекција, како секс, раѓање и доење. Има претпоставки дека може да се користи за лекување за повеќе психијатриски нарушувања. Хормонот помага и за намалување на социјалната анксиозност кај луѓето со аутизам.
4-неделна студија спроведена во Австралија, покажува дека кај луѓето кои прифатиле окситоцин ја намалуваат загриженоста во однос на тежината и обликот на телото.


При друго истражување, 31 пациенти со анорексија и 33 здрави луѓе добиле доза со окситоцин или плацебо. Учесниците ја разгледале секвенцата од слики на високо – и нискокалорична храна и на луѓе со различна тежина и форми на телото.

Луѓето со анорексија пред се се фокусирале подолго на слики на луѓе со дебелината и она што според нив е несакана форма на телото. Со внесувањето на окситоцин болните од анорексија покажале послаба наклонетост за фокусирање на слични ” негативни ” фотографии на храна и полнички луѓе.