Хемиско чистење во домашни услови: Неколку препораки кои ќе ви помогнат да ги извадите флеките



Понекогаш непријатните дамки не исчезнуваат по вообичаеното перење и ние ги бараме услугите на хемиско чистење. Но, има и при рака средства, кои овозможуваат отстранување на дамките кои можеме да ги користиме и дома.


Ви нудиме неколку препораки кои ќе ви помогнат да ја чистите извалканата облека:

1 . Дамките најдобро се отстрануваат во текот на денот, на добро осветлување. Тогаш вие можете да го гледате дејството на препаратот кој го користите.
2 . За да не губите време, прво мора да се утврди карактерот на дамката. Ако знаете што го предизвикала, полесно ќе го исчистите.
3 . Често по неуспешниот обид за отстранување на дамки, ткаенината околу него остава траги. Пред да се прибегне до радикални мерки, исчистете ја дамката со четка.
4 . Под дејство на различните средства, ткаенините ја менуваат бојата. Пробајте го новиот препарат врз мал дел од внатрешната страна на облеката.
5 . Дамките треба да се избришат од краевите кон средината за да се избегне ефектот на ” ореол ” околу дамката.
6 . Ако облеката е со поставата, препаратот да се нанесе помеѓу ткаенината и поставата.
7 . Некои дамки исчезнуваат со помош на бензин. Запомнете дека ова е опасна супстанција што продира низ белите дробови во крвта и при подолго вдишување предизвикува труење. Бидете внимателни! Бензинот може да предизвика кожни иритации и дури горење .


Страни: 1 2 3