Харизматичноста се учи и ова се нејзините тајни



Вистинската привлечност не е само дадена од Бога. Таа како и сите вештини, се стекнува и развива со работа на себе. Еве неколку совети од психолозите.

  • Засакајте се себе

Се прифаќате ли себе со сите свои слабости? Дали сте подготвени да признаете дека ги имате? И не само тоа, дали сте подготвени да ги прифатите и да ги користите своите сили?

Ако вашиот одговор е негативен, не се грижете. Не сте единствени. Многу луѓе се плашат од своето вистинско лице. Но без него, нема целосен живот, нема вистинска автентичност и харизматичност.

Вежба:

Напишете на еден лист хартија кои се вашите силни страни, а на друг напишете ги своите слабости.

Ваши врлини се изворот на креативност и инспирација. Од тој извор можете да црпете сила секогаш кога ја губите енергијата. Сега на ред се слабостите.

Замислете дека списокот со вашите маани се наоѓа во рацете на друга личност и обидете се да ги согледате со туѓи очи. Дали сте сигурни дека тоа се само слабости? Размислете дали во нив не се крие некој таен резервоар. Никогаш не заборавајте дека секоја слабост може да се претвори о сила. Затоа бидете тоа што сте!

Продолжува на следната страна:

Страни: 1 2