H & M го промовираше првиот муслимански топ модел со фереџе



H & M го вклучија првиот муслимански модел со фереџе во новата кампања “H & M Conscious”, која го промовира рециклирањето и повторната употреба на текстил.

23-годишната Мараја Идрис е со пакистанско и мароканско потекло, живее во Лондон и почна да носи фереџе на 17 години. Макар и да се појавува во видео реклама на кампањата за сосема кратко, муслиманката станува инспирација за сите жени кои носат хиџаб. Мараја вели дека “забулувањето на жените секогаш било игнорирано, што се однесува до модата … и одлично е тоа што толку популарна марка обрнува внимание токму на тоа”.


Модниот гигант ги моли клиентите да донираат стари, несакана облека без разлика од марката или состојбата, за да бидат продадени како втора рака или да се рециклираат.