Грижата за забите на децата започнува уште во утробата на мајката



Грижата за здравјето на забите на детето почнува во бременоста, а уште поинтензивно продолжува по раѓањето. Грижата го вклучува начинот на исхрана и прехранбените навики, редовната хигиена и редовни стоматолошки прегледи


Мајката штом дознае дека е бремена, треба веднаш да отиде на стоматолошки преглед. Затоа што научниците откриле дека мајката може да се заштити себе, но и детето од воспаленија, доколку редовно ги мие забите.

Забите на детето се развиваат кон средината на шестиот месец од бременоста. Детето за време на породувањето веќе е старо девет месеци, во текот на кои можеме да влијаеме на квалитетот на забите на детето, а воедно и да ги сочуваме сопствените заби.


Како идната мајка треба да се грижи за хигиената и здравјето на забите на своето неродено дете?

Бременоста носи со себе ризик од појава на т.н труднички гингивит, состојба во која може да се појават или влошат постоечките симптоми на воспаление на гингивата и почетните стадиуми на пародонтопатија. Токму заради тоа, мајката мора уште поригорозно да внимава на оралното здравје, како би избегнала влез на бактерии преку патолошките промени во устата, кои пак можат да бидат ризик фактор за предвремено породување или мала тежина на плодот.


На пример, кај пастите од Лакалут програмата не постои никакво ограничување на нивната употреба во текот на бременоста, туку напротив топло се препорачуваат токму поради состојките како што се алуминиум лактат, хлорхексидин диглуконат, алуминиум флуорид кои конкретно во Лакалут Актив пастата влијаат синергистички во заштита од најважните причинители на образување на дентален плак и развој на пародонтопатија. Алуминиум лактатот влијае на намалување на денталната пречувствителност. Алуминиум флуоридот пак ефикасно заштитува од образувањето на кариозни лезии, а неговиот синергистички ефект со алуминиум лактатот е научно докажан во обезбедување на подобра реминерализација на емајлот и заштита од кариес.  Бидејќи дополнителното чистење на забите со конец може да предизвика крварење на чувствителните непца за време на бременоста, стручните лица советуваат користење на течност за испирање на устата и забите.

Користењето на раствори помага да се покрие целосно слузницата на усната празнина со активни антиплак материи, кои би се бореле ефикасно за намалување на бактерискиот потенцијал. Лакалут актив растворот првенствено се препорачува кога доминира ризикот од развој на пародонтопатија и крварење на непцата, но и како најкомплетна заштита од сите ризик фактори. Лакалут сензитив растворот е препорачлив кога постои ризик од забна пречувствителност, појава зачестена во текот на бременоста и по неа. Но особено е значајно да се знае дека растворот за уста не треба да содржи алкохол, бидејќи алкохолот е ризичен за употреба во текот на бременоста.

Beautiful-HD-pictures-of-pregnant-women-52742_SkratenaХормонската (не)рамнотежа за време на бременоста може да влијае на состојбата на непцата

Кога жената е бремена или во таканаречена „друга состојба“, во нејзиното тело доаѓа до хормонски промени. Хормоните патуваат низ целото тело преку жлездите и доаѓаат до непцата. Тоа може да влијае на зголемување на можноста за појава на болести на непцата. Проблемот е поголем доколку не се применува правилна и редовна орална хигиена.

За подобра и подолготрајна заштита и нега на непцата, создадена е Лакалут актив Хербал формулацијата, која покрај докажаната Лакалут Актив формула збогатена е и со 8 лековити билки кои го збогатуваат заштитниот потенцијал и долготрајно ја негуваат гингивата.

Лакалут Екстра сензитив пак, е паста наменета за трудниците кои имаат пречувствителни заби.

Една од најчестите заблуди е дека ако непцата крварат, треба да се избегнува четкањето. Напротив, треба да продолжи но со многу помека и атрауматска четка во комбинација со соодветна паста и уште поинтензивно да се извршува оралната хигиена, бидејќи причинителите на иритацијата се наоѓаат токму во плакот кој е неадекватно отстранет заради несоодветната или нередовна хигиена.  Алуминиум лактатот како состојка во пастите и растворите нуди драматично подобрување на состојбата на непцата, консолидирање и прекин на крварењата уште при првата употреба,  и треба да се има во предвид како број еден избор за постигнување на брзи резултати против крварењето од непцата.

Особено треба да се внимава на земањето на антибиотици во тек на бременоста кои можат да предизвикаат дисплазија односно нерегуларно созревање на емајлот на забите, и затоа задолжително нагласете му на својот доктор во кој  стадиум од бременоста се наоѓате.

Хигиена

Посететe го стоматологот веднаш на почетокот на вашата бременост, бидејќи тој ќе Ви даде совет околу исхраната, хигиената и потребната флуоризација. Забите за време на бременоста мора да се санираат, иако во првото тромесечје од бременоста се избегнуваат покрупните стоматолошките интервенции. Во консултација со стоматологот, кој нужно мора да биде запознаен со факт дека се работи за бременост, дозволени се само стоматолошките интервенции за третман на воспалителните и инфективни процеси, бидејќи воспалителните и инфективни состојби може да го компромитираат развојот на плодот.

Пред избор на било кое средство за орална хигиена, препорачливо е да се посоветувате со стоматологот. Избегнувајте раствор кој содржи алкохол или масло од еукалиптус кои имаат зголемен ризик од несакани ефекти и се ризични по плодот во текот на бременоста.

Доколку се запоставувате себе си, го запоставувате и детето. Поведете грижа за сопственото орално здравје, мијте ги почесто забите и создадете здрава основа за вашето детенце.