Грдите веѓи може да ја уништат вашата самодоверба



Оформувањето на веѓите не е толку лесна работа, иако повеќето жени го мислат спротивното.


Можеш да им придадеш поинтересна и мистериозна форма, ако ги оставиш некое време да израснат и посетиш козметичар. Потоа можеш сама да ги одржуваш и од време на време да ги корегираш

Често се случува едната веѓа да е поинаква од другата, па за да се маскира овој ” дефект “, ќе треба да се користат услугите на козметичар.


Бричењето на веѓите и цртањето со молив, или трајна шминка, е најубава за сцена, но за секојдневниот живот не толку.

Дури и познатите општеството дами често имаат проблеми со веѓите, што не останува незабележано од светските критичари.