Грчката принцеза го украде срцето на принцот Хари



Кралскиот наследник, познат со неговиот темперамент, е вљубен. Според австралиското списание theaustralian.com срцето му го украла грчката принцеза Марија Олимпија. 31-годишниот Хари се запознал со русата аристократка благодарение на братучетка му Беатрис, која ги запознала.

Двајцата веќе излегле на неколку состаноци и дури планираат да скијат во Швајцарија. Според блиски на Хари тој одамна не бил толку среќен. Од кралското семејство во Лондон одбија да дадат коментар за евентуален нов член на фамилијата.


19-годишната убавица е ќерка на принцот Павлос од Грција и принцезата Мари Шантал. Нејзиниот дедо – грчкиот крал Константин Втори е абдициран во 1973 година.

Таа е родена во Њујорк и пораснала во Лондон и единствената девојка на семејството. Денес девојката живее токму во британската престолнина, но сака да патува и да се забавува.


maria