Говедски колаген, протеин во сврзното ткиво на телото, кој обезбедува еластичност на кожата и јачина на ‘рскавицата и коските!




Свеста за грижата за себе никогаш не била на повиско ниво! Денес се повеќе зборуваме и се информираме како да постигнеме поголема еластичност на кожата, одржување на поздрави нокти, поздрава коса, како да ја вратиме “енергијата” во зглобовите и колената.

Кога сме во такво расположение прва асоцијација ни е Колагенот! „Комплексен протеин“ кој содржи 19 различни амино киселини,  кои со текот на годините нашиот организам недоволно ги создава, и треба дополнително да ги внесеме во нашиот организам преку додатоците во исхраната. Колагенот е главниот протеин во сврзното ткиво на телото, кој обезбедува интегритет, еластичност и јачина на кожата, ‘рскавицата и на коските.


Постојат и голем број други фактори кои го забрзуваат процесот на намалување на создавањето на колагенот како што се: исхрана богата со шеќер, стрес и  изложувањето на сонце. Нема сомнение дека колагенот ни е исклучително потребен, и дека треба да го внесуваме во исхраната.

Како да одбереме квалитетен колагенски производ според сопствените потреби?

Пазарот е преплавен со разни колагенски производи за кои не сме сигурни колку се ефикасни. Кога бираме колагенски производ, треба да обрнеме внимание тој да биде од реномиран светски производител, и да базира на успешни клинички студии и тестирања кои ги потврдуваат ефикасните придобивки од неговата употреба. Во тој контекст се истакнува производителот Пептан кој е глобална водечка марка на колагенски пептид* во делот на производи наменети за здравјето и исхраната. А кој може да се нарача преку следниов линк https://arboreal.mk/kolagen/

Исто така важно е да знаеме дека постојат неколку типа на колагенски производи: колаген тип 1 и тип 3 кои што овозможуваат поголема еластичност и цврствина на кожата и колаген тип 2 кој што е многу редок во светот, а помага за обновување на рскавицата.

Кога бараме колаген важно е да знаеме за што сакаме тој да ни помогне. Колагенот тип 1 и 3 се за нега на кожата, а колагенот тип 2 се користи за обновување на ‘рскавицата која се наоѓа околу зглобовите. Кога станува збор за зглобовите и тетивите, колагенот тип 2 е „лепилото“што помага да се одржи телото заедно, корисно за спречување на болки во зглобовите поврзани со возраста или симптоми на артритис. Колагенот е тоа што им дава сила и интегритет на сврзните ткива во нашето тело.

Дека добрите колагенски производи прават чуда потврдуваат бројните тестирања кои што се спроведуваат. Но, за да се почувствуваат реални ефекти, потребно е негово користење подолг период. Позитивни ефекти не се случуваат преку ноќ. Како што и не можете преку ноќ да ослабнете или за неколку дена да имате кондиција како олимпиец. Како и за многу други работи така и за колагенот потребно е подолго време на употреба и придружни здрави животни навики.

Треба да знаеме дека и кога сме настинати или болни или под голем физички и емоционален стрес, нашето тело не произведува доволно амино киселини кои го сочинуваат колагенот. Тогаш на телото му е потребна помош од надворешни извори, главно од нашата исхрана или од суплементи.

Кон што се придонесува колагенот?

1. Го подобрува здравјето на кожата и косата

2. Ги намалува болките во зглобовите и дегенерацијата

3. Го забрзува метаболизмот, мускулната маса и помага во создавањето на енергија

4. Ги зајакнува ноктите, косата и забите

5. Го подобрува здравјето на црниот дроб

Пептан колаген- за да останеме млади и мобилни!