Госпоѓата на светот за 2014 е …



Претставничката на Белорусија Марина Алексејчик победи во натпреварот “мисис Свет 2014”, чие финале беше синоќа во американската држава Мериленд, пренесе агенцијата ТАСС.


Во натпреварот учествуваа мажени млади жени кои веќе имаат деца и активно учествуваат во политичкиот и јавниот живот на своите држави, како и во добротворни цели. Оваа година за финалето во Мериленд пристигнаа 35 учеснички.