Голите ѕвезди на црвениот тепих



Една жена треба да се чувствува удобно во својата кожа и не треба да се срами да го облекува она што го сака, но според експертите модните решенија на овие ѕвезди се прилично необични.


Да ги привлечеш сите погледи и да бидеш тема на разговор по појавата на црвениот тепих е една од главните причини за скандалозниот избор на облека.

Но, црвениот тепих сепак е место за професионалци, не е стриптиз клуб, велат од life.dir.


18-годишната моделка Кендал Џенeрс очигледно сака да предизвика контроверзии, исто како и пејачката Ријана, која ги насочила објективите на папараците кон себе со голиот фустан на престижните награди за мода.

Но, Ријана е една од најуспешните дами во светот, која свесно ги прави своите модни избори, пишува списанието.