Голема распродажба во Skopje City Mall: Продажби по цени до -80% попуст



Јануари и февруари се месеци кои целиот свет ги сака поради големите попусти во продавниците и распродажбата која ја нудат познатите брендови. Во почетокот на годината сите нас не зафаќа шопинг манија, а евтините цени никого не оставаат рамнодушен.


Светските трендови ги следи и Skopje City Mall кој од 26-ти јануари до 14-ти февруари ќе им овозможи едно поинакво шопинг искуство на посетителите каде своите омилени производи во повеќето од продавниците во молот ќе можат да го купат на попуст.

Имено, повеќето продавници во нашиот најголем трговски центар имаат зимска распродажба, а како изненадување за граѓаните е т.н. Pop-Up Store лоциран на влезот од Skopje City Mall во кој неколку брендови имаат екстра попусти и до – 80 %.


Pop-Up Store-от кој оваа година е новитет во шопингот во Македонија се наоѓа на влезот од улицата МАНАПО и секој ден до 14-ти февруари ќе има распродажби за сечиј вкус. Од 26-ти јануари до 29-ти февруари Sport Vision ќе понуди спортска опрема од познатите светски брендови по outlet цени. Од 30-ти јануари до 2-ри февруари UrbanXStore ќе ја понуди својата колекција на спортска опрема и чевли на голем попуст, додека од 3-ти до 5-ти сите оние кои сакаат да купат мебел и книги ќе можат да го направат тоа во Pop Up Store-от каде тие денови ќе изложуваат JYSK и книжарница Икона. Распродажбата на долна облека ќе се случува од 6-ти до 9-ти февруари и тоа ќе го направи Penti, додека Adams Shoes од 10-ти до 14-ти февруари ќе ги изненади сите посетители со големите попусти на својата колекција чевли.

Посетете го Skopje City Mall и направете шопинг на попуст во поголемиот дел од продавниците, или пак во специјалниот Pop-Up Store каде цените се навистина ниски!