Голем роденденски шопинг фестивал по повод четвртиот роденден на Скопје Сити Мол



Голема роденденска фешта се подготвува во Скопје сити мол по повод четвртиот роденден на ова пулсирачко собиралиште и актуелно градско јадро.


Динамична и возбудлива роденденска атмосфера ги очекува потрошувачите од 1 до 4 октомври со многу големи попусти, музика и настапи, подароци, бесплатни коктели и слатки, магионичари, пантомимичари, жонглери, артисти и сé што гарантирано ќе обезбеди многу возбуда за време на четиридневниот роденденски фестивал.   

На 1 октомври во рамките на традиционалниот настан „Ем умеам, ем можам“ кој веќе 4 години по ред се одржува во Скопје сити мол посетителите ќе може да уживаат во детска програма и изложувачи од разни производствени капацитети, а вечерта е резервирана за настап на хрватската поп-атракција Данијела Мартиновиќ од 20.30 часот. Нејзе со свој настап ќе и претходат култните Нокаут од 18.30 часот, но авантурата низ продавниците и угостителски објекти продолжува до 24 часот, приклучувајќи се на градскиот настан „Бела ноќ“.


За најмалите се организирани креативни работилници за цртање на керамика и изработка на уникатни предмети и украси во кои ќе уживаат и ќе ги развиваат своите вештини и таленти водени од врни ментори за уметност и работа со деца. Работилниците ќе се одвиваат во игротеката Имагинариум, каде сите 4 дена влезницата ќе изнесува само 100 денари. Исто така децата ќе можат заедно со другите дечиња да бојат на џиновски цртеж со површина од 4 м2, кој подоцна ќе биде исложен во молот.

Дополнително Скопје сити мол организира избор на лице за насловна страна на зимското издание на City Mall магазинот од посетителите кои ќе дојдат на 1 октомври во Скопје Сити Мол. Победникот на овој избор освен што ќе ја краси насловната страница, ќе добие и многу вредни подароци во кои ќе ужива во текот на целата година.


Скопје сити мол во овие четири години успеа да стане актуелно собиралиште што им понуди на Скопјани нов начин на живот и редефиниција на она што до сега значеше колективна забавна и шопинг содржина, ново урбано обележје што дише со автентичност, комплекс што понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше во мирување.

Скопје сити мол за кратко време стана омиленото место за квалитетен урбан живот што ја поддржува и унапредува таа позната скопска потреба од  „живеење со многу салтанати“ J