Голем ден! Денес го славиме апостолот што го пренел христијанството во Македонија



Павловден е голем христијански празник од летниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 јуни, односно на 13 јули по стариот календар. Овој ден е Собор на 12 Апостоли, односно вториот ден од завршувањето на Петровденскиот пост.


Христијанските текстови оделуваат големо значење во преминувањето на Апостол Павле во христијанската вера. Во Библијата се раскажува дека на пат кон Дамаск тој видол необична светлина од која тој ослепил и го слушнал гласот на Господ од небото, кој му рекол: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Јас сум Исус, којшто ти го прогонуваш“. Тој настан бил преврт во неговиот живот, прекрстувајќи се во Дамаск и станувајќи еден од најголемите проповедници на христијанството.

По враќањето во Ерусалим, во почетокот неговите истомисленици се сомневале во него, неверувајќи му. На своето прво мисионерско патување, бил испратен од страна на Барнаба, кој претходно го внесол во заедницата на Ерусалимската црква. Проповедал во Антиохија, Киликија, Кипар, Ефес, Атина, Македонија, Коринт и Шпанија. Обично за Свети Павле се споменуваат четири мисионерски патување, со кој тој првин во саботите влегувал во синагога за да на евреи|евреите им го сподели евангелие|евангелието, но кога почнале евреите да не го прифаќаат и не го пуштаат во нивните храмови, тој им се обраќал и на поганите.


Во 67 година, Свети Павле бил осуден на смрт и погубен во Рим. Од овде се смета дека Свети Павле бил римски државник бидејќи само римските граѓани биле егзекутирани на таков начин. Според христијанската митологија, со смртта му настапиле големи чуда. Пресечената глава на апостолто продолжувала да го слави името Господово, а на местото каде што паднала се отвориле три извора, односно на местото на денешниот манастир “Три Фонтани“ кај Рим.

Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа е смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот на христијанството кон Европа и светот.


Павловден жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден. Во некои краишта, на пр. во Гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен. Се празнувало поради град.