GANA е свежината која и недостигаше на македонската модна сцена



“GANA” е модно студио во центарот на Берово, менаџирано од младата дизајнерка Драгана Брашнарски. Денес, со задоволство сакаме да ви ја претставиме првата колекција со која дизајнерката го претставува нејзиниот стил. Колекцијата е дизајнирана за секоја современа жена на која ѝ треба парче за секоја свечена пригода. Фотосесијата е направена во луксузниот ресорт Аурорa Ресорт и Спа, во близина на Берово, а за прекрасните фотографии се погрижи Павлина Поповска – фотограф кој студираше во Лос Анџелес.