Фрази кои тој не сака да ги чуе



Машките поинаку гледаат на некои нешта. Има неколку работи за кои машкото не сака во никој случај да ги чуе. Единствено што може да постигнете со тоа е да го шокирате, да го повредите, да предизвикате бес или очај. Ако случајно ви текне нешто вакво да „истресете“, подобро молчете си:


raboti sto ne treba da mu gi kazete na deckoto

Големината не е важна


Ова дефинитивно ќе ја скрши неговата гордост засекогаш. Можеби вам не ви е важна големината, но нему секако му е. Нели би било подобро да го покажете своето задоволство додека имате секс?

 


Забележуваш ли нешто ново на мене?

Го кажете ли ова, тој веднаш очајнички и најбрзо што може ќе се обидува да забележи што е „новото“ кај вас затоа што во спротивно ќе се соочи со тешки обвиненија дека не му е гајле за вас. Во таков случај, правите да се чувствува виновен без да ја земете во обзир неговата моментална ситуација. Размислете малку 🙂

 

Што си се попалил, фудбалот  е само игра

Е браво! Штотуку му кажавте дека неговата најголема страст е „само игра“. Сигурно не се чувствува безвредно поради ова, нели? Одлично го разбирате.

 

Важна вест: ми доцни!

Неее, нема потреба да паничи. Тоа што ова за него значи „Готов си“ нема врска. Во истиот момент ќе почне да размислува дали треба да глуми среќен, да се надева дека ќе добиете кај и да е или дека е веќе доцна за бегство. Татенце 🙂

 

Секому може да му се случи

Ахам, ова е друг начин да кажете: „Тотално си неспособен, ама простено ти е“. Најдобриот начин да го утешите, дефинитивно.

 

Вака изгледаш баш слатко

Слатко? Тој се доживува како ваш заштитник, симбол на сила и стабилност, а вие му викате дека изгледа баш слатко? Па тоа за него е невидена катастрофа! Ќе си мисли дека е мекуш. А, да речевте нешто како: „Топ“, „Екстра“, „Закон“ наместо тоа, а?

 

Ништо не ми е

Токму така. Можеби ќе експлодирам од лутина за некој момент, ама во основа ништо не ми е. Да не се лажеме, тој сигурно забележува дека нешто не е во ред, но ако не му кажете отворено, мали се шансите дека сам ќе открие. А да, во вакви ситуации на дечкото не му е до играње „асоцијации“. Кажете отворено!