Флертувањето разубавува и подмладува



Американски научници открија дека флертувањето разубавува и подмладува. Луѓето кои имаат тенденција да флертуваат, вложуваат повеќе грижи за својот изглед и се радуваат на повеќе самодоверба. Покрај тоа, флертувањето нè штити од дебелеење.


За време на флертувањето во нашето тело се случуваат извесни промени. Кај мажите се зголемува производството на двата хормони – тестостерон и кортизол, а кај дамите се стимулира производството на ендорфин – хормон на среќата.

Додека разменуваме ѓаволски погледи со некои симпатичен дечко, ние изгледаме барем со 5 години помлади, од проста причина што нашата желба да им се допаднеме ги прави очите да ни сјаат повеќе, нашиот глас да звучи посекси, а нашето тело инстинктивно да се стегнува.


Докажано е и дека во тие мигови се зголемува и желбата за спортување и работа, ако околу нас е симпатичниот колега.