Фитнес совети од личниот тренер на ангелите на Victoria’s Secret



Кој не би сакал да има тело како моделите на Victoria’s Secret? И ако се прашувате како го постигнуваат тие, тогаш тајната е во името Мајкл Олаиџ. Ова е личен тренер на Дауцен Крос и Адриана Лима.


Долги години Олаиџ се занимава професионално со бокс, а потоа почнува да издава книги за тоа како да постигнеме одлично тело.

Еве и неколку совети од човекот, кој знае како да ве внесе набрзина во форма:


1. Имитирајте професионалци

„Ако го правиш она што го прават спортистите, ќе заличите на нив”, вели Мајкл. Поради оваа причина тој ги советува своите клиенти да практикуваат многу борба со сенка. Исто така тренерот советува за користење на јаже, сквотови, склекови и стомачни вежби, бидејќи опфаќаат поголема група мускули.


2. Создадете си плејлиста која ќе вклучува песни со вистинскиот ритам.

„Адриана го обожава нивното, а сопругот на Дауцен е диџеј, па тој и прави одлични миксови за тренингот”, објаснува Олаиџ.

3. Спротивностите се привлекуваат.

„Ако имате многу енергија, започнете јога. Направете нешто што се конфронтира со вашата личност “, советува Мајкл. Идејата е дека така ќе правите нешто што ќе ве балансира.

4. Спортувајте најмалку 6 дена во неделата.

„Не е важно времето или интензитетот на вежбањето, најважно е да го претворите во навика!”, вели Мајкл.

5. Правете многу кардио.

„Добрата циркулација на крвта нè штити од многу болести. Најдоброто кардио е клучот за здравото тело!”