Фитнес режимот на Адриана Лима



Несомнено Адријана Лима е една од познатите дами кои поседуваат најдобро тело. Убавицата ги зачуди сите кога ги стопи килограмите од втората бременост за неколку недели и помалку од два месеци по породувањето се појави на модната ревија на Victoria’s Secret. Лима вели дека тоа го постигнала преку строга исхрана и напорни тренинзи.


Тренинг режимот на Адриана вклучува Hight Intensity Interval Training или Високо интензивен интервал на обука, кој во суштина се состои од повторувања на вежби со висок интензитет, следени од оние со помал интензитет. Овој метод е идеално средство за топење на масти и подобрување на состојбата на кардиоваскуларниот систем.

Во својот секојдневен тренинг бразилската убавица вклучува и вежби за мускулите. Ѕвездата многу работи на сквотови и вежбите за стомак и вели дека не сака да користи машини и тегови при тренинзите за стомак, а преферира интензивни вежби.


lima3

Адриана практикува и бокс, и е категорична дека тој не е само сигурен пат кон добрата визија, но ја изострува мислата рефлексите и дејствува истоварувачки.


Сексипилната тренира и јога, која и помага за пластичноста на нејзиното тело, како и Капоера т.е. комбинирање танци и музика со брзи движења и голема сила.