За 35-40% од амбалажниот отпад кој се создава во Македонија никој не плаќа надомест. Тоа значи дека постои сеуште голем број на компании кои не плаќаат никаде за селекција и собирање на нивниот амбалажен отпад. Компании кои никој не ги казнува, што значи и над 1,5 мил. евра помалку секоја година во буџетот. Инспекторите не казнуваат, институциите не евидентираат, коруптивно однесување кое прави штета за сите нас, за да имаме здрава и чиста животна средина, и 100% третман на мабалажниот отпад.
Според одредени анализи и експертски дискусии, во Македонија би се затвориле сите прашања повразни со отпадот со околу 500 мил. евра. Иако на прв поглед изгледа многу, тоа е разумно со оглед на централниот буџет на Македонија кој изнесува 4-4,5 милијарди евра годишно, плус буџетот на општините.
Иако од наведените 500 мил. евра, барем 30% може да се обезбедат како грантови или поволни кредити, не е невозможно таа сума да се финансиира и од сопствениот буџет на државата! Имено, слушаме со години проценки дека со коруптивни активности најмалку 20% од буџетот оди во други текови, а не за тоа за што е наменет. Тоа значи дека од Македонија корупцијата” јаде” најмалку 900 мил-1 милијарда евра годишно! Годишно!
Замислете кога некоја од нашите Влади би успеала да ја намали корупцијата за половина!!! Тоа би значело 500 мил. евра екстра пари за инвестиции секоја година! Во една година со сопствени средства ќе го финансираме управувањето со отпадот, во втората година со 500 мил. евра би го финансирале Чебрен и енергетскиот сектор, со третите 500 мил. би ги изградиле сите автопатишта, четвртата година сите потребни училишта и градинки… Во само два мандата, Владата која ќе ја преполови корупцијата ќе ја направи Македонија прекрасно место за живеење и еколошка држава!