Фазите по разделбата, низ кои сите жени минуваат



Разделбата не ја сака никој, од каде и да погледнеш. Но, и таа како и секоја друга „неправда” во животот се доживува.


Мажите и жените имаат различни начини за справување со празнината, болката и гневот.

Еве и кои се фазите низ кои минуваат дамите, откако нивното срце е скршено.


1. Фазата на тркалање и јадење

Често првата недела по разделбата поминува во самосожалување, апатија и лежење. Најдобар пријател на дамите во овој момент е телевизорот и фрижидерот во кој има секакви слатки искушенија.


2. Фазата на горчина

Во оваа фаза тагата преминува во горчина и започнува една споредба со сите други мажи во животот и поранешните врски. Тука на помош доаѓаат најблиските пријателки, кои заедно со вас го навредуваат мажот кој ве повредил.

3. Фазата во која се обидувате да се убедите себеси дека сте подобра од неа

По тагата и горчината дамите почнуваат да бараат начин да ја пополнат празнината со мисли за подобрување на нивниот живот. Во оваа фаза жените често си велат дека сега имаат повеќе време за себе – за хоби, за спорт, за учење, работа, шопинг, за излегување со девојки.

4. Фазата: Го сакам назад

Да, но доаѓа момент во кој спомените се враќаат. И колку и да се обидувате да ги држите умовите зафатени со други работи, конечно ве удира осаменоста. Почнуваат да Ве канат на забави, на кои сте оделе со најблиските и ви станува криво. Во овие моменти дамите имаат тенденција да простуваат и да бараат контакт со поранешниот со идејата да се соберат повторно.

5. Фазата на рефракција: Подобра сум без него

Неосетно по патот на страдањето, гневот и самосожалување веќе сте пораснале како човек и личност и имате поинаков живот. Живот кој го прегрнувате смело и гледате дека светот не е завршен.

По разделбата секоја жена доживува доста тежок период и дури да се бори, нема како да пропушти некоја фаза. Чекори трпеливо, бидејќи конечно те чека хепиенд – не со него, туку со тебе самата подготвена за нови авантури.