Fantasyland во Флорида на музичката дива Celine Dion



Fantasyland во Флорида на музичката дива Celine DionСлавната музичка дива Celine Dion по раѓањето на близнаците Eddy и Nelson,  со својот сопруг Rene и нејзиниот 10-годишен син Rene-Charles  во февруари 2011г. се пресели на островот Јупитер во Флорида.


Таму на површина од 3000 квадратни метри во вредност од 2 милиони долари, се наоѓа нивното место на живеење кое со право го нарекуваат Fantasyland. Оваа резиденција пред се е направена за потребите на големите семејства на Celine и Rene кои бројат околу 30 члена и се редовни посетители за време на поголемите празници.

По тој повод во склоп на резиденцијата од страните направени се две одделни гостински куќи, а во центарот се наоѓа главната 8-аголна куќа за Celine, Rene и нивните три сина.   


Ова место уникатно е по тоа што во огромниот двор направен е и aqua парк со водопад, мрзлива река и два тобогани на што најмногу се радуваат децата, кои покрај тоа уживаат и во за нив специјално направената куќа на дрво. За разонода покрај двата базена, тука се и игралиштата за кошарка и тенис.   Ентериерот на 8-аголната куќа изобилува со прекрасни соби распоредени на 2 спрата поврзани со скали и со лифт.

Станува збор за 6 спални соби, 8 купатила, отворено spa, подземна гаража, теретана, голем гардеробер итн. Оваа куќа која е проектирана од архитектот Roger P. Janssen е направена во тропски стил со пространи веранди и балкони, куполи на крововите, француски врати и бели Бахамски капаци на прозорите. Тој почитувајќи ја желбата на Celine за атмосфера како на Бахамите, осмислил вистинско место за релаксација и фамилијарни средби со незаменлив поглед кон океанот и со прекрасно чувство на широк отворен простор. Погледенете го овој рај и замислете ја Celine како пеејќи низ дома со својот ангелски глас, му дава посебен дух на ова и така посебно место!