„Ми фрливте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд .Читам најразлични коментари од исмејување, цинизам, па дури и непристојности. Ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот, а некои и дури како да чувствуваат задоволство.
Ќе ви раскажам што всушност се случи, како поука за секого и пример како да се однесувате ако се посомневате дека сте го добиле овој вирус. Нормално во епидемиолошката анкета треба ретроградно да го вратите филмот со кој сте контактирале, кај сте биле, со кого сте се задржале повеќе од 15 минути итн.
Во последните 20 дена знам дека мојата релација на движење била Здравствен дом Пехчево дома и клиниките во Скопје каде како должност и работа носевме пациенти на кои им требаше вистинска помош и никаде на друго место.Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која бил сместен на некоја од клиниките кај што ги сместував нашите пациенти (дезинфекција на раце, носење маски и ракавици и да не зборувам . Несакав да ги посетам ни моите родители дека се во ризична група а знаејки каква работа работам.
Продолжува на следната страна:
Страни: 1 2