Еве зошто не треба да го полните телефонот преку ноќ



Речиси сите имаме навика да го вклучуваме телефонот или таблетот да се полни ноќе за следниот ден да има полна батерија, но според истражувањето на Дејвид Мекејн од Кембриџ, оваа постапка е многу штетна и некорисна, велат од mobilni.mk.


Првата причина е што на тој начин полначот без вклучен телефон во струја троши 0.26 вати. Кога на полначот е приклучен телефон или таблет, потрошувачката достигнува околу 3.7 вати, додека потрошувачката на струја кога телефонот е полн, а сеуште приклучен на полначот, се движи околу 2.3 вати. Тоа е прилично беспотребно трошење на енергија. Претходните анализи велат дека кога секој би го исклучил телефонот по полнењето, би се заштедила струја за 100.000 жители.

Доколку екологијата и енергетска ефикасност не ви се премногу важни, тогаш сигурно ќе ве загрижи изржливоста на батеријата на вашиот телефон која со постојано полнење на полн капацитет се оштетува. Дејвид Мекејн препорачува телефонот да се полни повеќе пати во денот, и не до 100%. Слично како и кај лаптоп компјутерите, батеријата би требало да ја полните до околу 80%, а повторно да ја наполните кога ќе стигне до 30%. На тој начин батеријата ќе трае подолго и ќе работи подобро.