Еве што знае “Фејсбук” за тебе и твојот личен живот



Иронијата е дека ние самите си споделуваме за нашиот живот. Тоа се речиси сите нешта кои сте ги напишале на Фејсбук.


– Каде живееш (дури и да не си напишал, IP адресата, од која најчесто го отвораш твојот профил, обично се смета за твој дом).

– Кои се членовите на твоето семејство (често пати сами ги одбележуваме)


– На кои места одите (тагнувањето од омилените ваши места)

– Со кој излегуваш (природно, тешко е да не се фалите, откако веќе сте во врска)


– Што сакаш (сите страници кои си ги лајкувал на Фејсбук или групи на кој си сте се придружиле)

– Каде си патувал во странство

– Ги чува сите твои фотографии, па дури и оние кои си ги избришал (Фејсбук има архивче)

Совет:

Оставете малку имагинација на Фејсбук за личниот живот. Никогаш не се знае кога овие податоци ќе му требаат на некого за цели за кои дури и не сомневаме.