Еве што не чека следно со времето



Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.


Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 15 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен веттер од северен правец. Температурата ќе се движи од три до 19 степени.


Следува период на стабилно и суво време со студени утра, а преку денот ќе биде сончево и потопло.

Утринските температури од денес изутрина во некои од повисоките места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст.