Еве што ќе се случува со времето наредните денови



Денес времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно иако на некои места не се исклучува можноста и за повремени сончеви периоди. Локално ќе има услови за слабо провејување на снег.


Минималната температура ќе се спушти во интервал од -10 до -2 степени додека на некои места истата можно е да се спушти и под -10 степени.

Максималната температура ќе се искачи во интервалот од -4 до 4 степени.


Во четврток (26.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно на некои места со подолги сончеви периоди. Особено во јужните предели ќе има услови за сосема слабо провејување на снег.

Минималната температура во четврток ќе се спушти во интервал од -13 до -3 степени додека на некои места истата е можно да се спушти до околу -15 степени.

Во петок и во сабота поради намалувањето на облачноста наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и на повеќе места ќе се спуштат до или под -10 степени и ќе се движат во интервал од -16 до -3 степени, не се исклучува можноста на некои места истите да се спуштат и до околу -20 степени.

Во недела минималните температури ќе се спуштат во интервал од -10 до -2 степени додека повторно на некои места истите е можно да се спуштат под -10 степени.

Овие денови максималните температури ќе се искачат во интервал од -4 до 3 степени додека за време на викендот истите ќе имааат тенденција на благ пораст и ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени.

Деталната анализа на времето ја подготви Славчо Попоски!