Еве што ќе се случува со времето денес и утре



Денес (03.10.2017) времето ќе биде сончево со мала локална облачност но и потопло за неколку степени а ќе дува и слаб ветер од променлив правец додека максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 18 до 24 степени.


Во среда ќе има умерена облачност додека услови з аслаб локален дожд има претежно во планинските предели на државава а максимумот на температурите ќе се искачи во интервалот од 19 до 25 степени. Претежно сончев ден ќе биде денот четврток додека максимумот на температурата ќе се искачи во интервалот од 20 до 26 степени додека најтопло ќе биде во петок кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 21 до 27 степени.

Почитувани граѓани во следните 4 до 5 денови можете да уживате во повеќе сонце иако локално и повремено како што најавивме ќе има и малку поголема облачност но исто така ќе можете да уживате и во релативно топлото време а температурите на воздухот ќе бидат околу просекот за овој дел од годината, информираат од meteomax.mk.