Еве која е најсоодветната возраст за брак



Најсоодветната возраст за брак е меѓу 23 и 27 години. Во тоа се убедени психолозите од Универзитетот во Тексас, кои пресметаа во кои години од својот живот луѓето е најдобро да создаваат семејства.

Психолозите сослушале 1503 лица над 18 години со различни прашања во врска со семејството и односите меѓу сопружниците: брак, развод, соживот и воспитувањето на децата.

Речиси 90 проценти од испитаниците, имаат мислење дека во животот човекот мора да се омажи или ожени само еднаш и тоа за цел живот.

Откако ги пресметале сите резултати, психолозите дошле до заклучок дека браковите склучени пред 23 години, почесто завршуваат со развод.

Психолозите тоа го објаснуваат со уште нецелосно осознавање на големата одговорност која го подразбира семејството.

Кај подоцнежните бракови пак има и друга опасност – по одредена возраст за луѓето станува потешко да се навикнат и да го прилагодат својот начин на живот кон стереотипите на друг човек.

Ова исто така може да ја потресе брачната благосостојба.