„Точката G не постои, има точка Со – клиторисот. Тој е вистинскиот извор на сексуално уживање за сите жени”, тврди д-р Сузан Оукли од болницата во Синсинати, Охајо.
Скенирањето на карличната област на неколку десетици жени со јадреномагнетна резонанца ја покажа врската помеѓу анатомијата на женските полови органи и оргазмот.
Клиторисот е најчувствителниот дел од телото на жената. Според новите истражувања неговата големина и растојанието до вагината имаат огромно значење за добивање на оргазам од жените.
Со јадреномагнетна резонанца професионалците ја скенирале карличната област на 30 жени, чија просечна возраст била 32 години. Десет од нив, според сопственото признание, никогаш немале доживеано оргазам. Кај останатите немало проблем со оргазмот за време на секс.
Кога се споредувале двете групи експертите утврдиле дека при претставничките на втората група растојанието помеѓу клиторисот и вагината било во просек за 5-6 мм помалку отколку кај жените од првата група.
Научниците заклучиле дека големината и позицијата на клиторисот имаат големо значење за сексуалната функција на жените. Деталното истражување е објавено во списанието Journal of Sexual Medicine.
„Сеуште се прашуваме: кое е прво – јајцето или кокошката? Се зголемува ли клиторисот кај овие жени по добивањето на повеќе оргазми, или тие од детството имале голем клиторис, кој им обезбедил заситен сексуален живот?”, продолжува д-р Оукли.
Проблемот со добивање на оргазам е многу распространет меѓу жените. Според статистичките податоци од 18 до 34% од нив се соочуваат со сериозни тешкотии во добивањето на оргазам. Помалку од половина од мажените жени добиваат оргазам при секој сексуален чин и само 15% доживуваат оргазам постојано.
Истражувањата на научниците се фокусирани исклучиво на физиолошките аспекти, иако според нив психолошките фактори исто пречат на приемот на задоволство за време на секс.
Се покажало дека жените со проблеми при добивањето на оргазам преферираат да имаат секс во традиционалната “мисионерска” поза, додека доброволките од “лесната” група претпочитаат да се одозгора, која обезбедува подобар контакт на машките гениталии со клиторисот за време на секс.