Фејсбук со својата најнова опција Stories им овозможи на корисниците да дознаат кој го следи секој нивен чекор на оваа социјална мрежа.
Имено, опцијата Stories, која пред неколку дена стигна и на Фејсбук апликацијата, им овозможува на корисниците да видат кој сè од нивните пријатели погледнал што објавиле.
Споменатата опција е преземена од Snapchat. Компанијата Фејсбук првобитно ја интегрирала на Instagram, Messenger i WhatsApp, а дури потоа во главната апликација.
На сите споменати платформи таа функционира исто. Корисниците објавуваат фотографии и снимки кои нивните пријатели можат да ги погледнат, а кои ќе исчезнат после 24 часа.
Исто така, во секој момент можно е да го видите бројот на пријатели кои ја погледнале вашата „stroy“, како и нивните имиња, пишува скопје24.мк.