Емотивен статус на Скопјанка: Гледаш тато како живеат богатите?



“Одам во банка, за да се информирам за париве од ДИК што се случува, доаѓа еден човек, сиротиот смрзнат, го држи детенцето за рака, го убедува дека парите за социјално ги пуштиле така го известил некој пријател и дека ќе му ја купи светилката на детето. Ееееј ветена светилка од 150 денари.


Чека во редот, му соопштуваат дека нема пари за социјално детево почнува да плаче. Вадам 200 денари од џеб и му ги ставам на детево во јакничката…. Ми дојде да плачам. Детенцево го гледа татково полно со среќа демек да ги задржи париве. Му велам дека мене ми префрлиле (од парите ни трага), татково се заблагодарува и се насочуваат кон продавничката над Стопанска банка за играчки.

Одам по нив и јас да ја купам таа фамозна светилка од 150 денари. Тие на каса, детево го зима кусурот од 50 денари и ми го дава. Ме гушка ко да му купив кревет а не светилка која ја чека цел месец. Му ги оставам паричките, се врти накај таткото и му вели:


Страни: 1 2