Екстракт од компир се бори против килограмите



Екстрактот од компири помага да се намали акумулацијата на килограми од производи со висока содржина на масти и јаглехидрати, открија научниците од канадскиот универзитет “Мекгил”.


Во текот на 10 недели истражувачите ги хранеле лабораториските глувци со штетни производи кои водат до дебелеење. Како резултат на тоа глодарите, кои во почетокот на студијата тежеле 25 грама, качиле по околу 16 грама.

А глувците кои ја јаделе истата храна, но во исхраната примале екстракт од компир, наддавале само со малку над 7 грама. Научниците го повториле експериментот неколку пати, но резултатот останал непроменет. Познато е дека компирот содржи многу јаглени хидрати. Тие се исто така извор на полифеноли, кои се наоѓаат во големи количини во различни овоштија и зеленчук.


Дневната доза од екстрактот се извлекува од 30 компири. Научниците сепак не советуваат луѓето да јадат такви големи количини. Прво треба да се утврди дали компирите се корисни за луѓето кои страдаат од дебелина. Потоа мора да се одреди оптималната доза од екстрактот за мажите и за жените.