Експериментирајте: Најдобрите места за секс на отворено



Кога се работи за сексот, нема ништо повозбудливо од испробување на нешто ново, а летото е совршено време да уживате во досега неиспробаните моменти на страст – секс на отворено. Топлите летни ноќи како да се создадени за зовриени страсти, а оваа сезона речете му збогум на креветот и пробајте некои сосема нови локации.


Плажа

Секоја вечер од вашиот годишен одмор не мора да се заврши со прошетка или одење на сладолед, некогаш отидете навечер на плажа. Уште во текот на денот обидете се да забележите некоја скриена плажа, доволно оддалечена од минувачи. Шумот на морето ќе биде силен афродизијак. 


Лулашка во паркот

И додека денот во парк може да биде идеален за пикник, ноќта е резервирана за нешто посериозни игри. Скриениот дел од паркот, обвиен  со темница, преставува совршен избор. Уште ако таму има лулашка, тоа ќе биде полн погодок.

Шатор

Ако ова лето кампувањето е ваш избор, немојте да заборавите во патната торба да спакувате и чувство за спонтаност. И додека им се препуштате на чистите страсти, имајте во предвид дека околу вас има и други кампери.

Тераса

Сосема ново сексуално искуство ве чека веднаш зад вратата. Почекајте соседите да заспијат и препуштете им се на страстите на балкон или тераса. Чувството дека правите нешто забрането и дека некој би можел да ве види, ќе ја подигне температурата.

Џакузи

За ова место не треба ништо посебно да се каже, бидејќи сексот во него за време на летото е „задолжителен“.

Брод

Дали некогаш сте слушнале за изразот„не го нишајте бродот“? Во овој случај тоа не важи. Ако немате брод или барем чамец или пак можност да летувате на јахта, тука е секогаш добриот дрвен чамец. Отпловете малку, но не предалеку и испробајте нешто сосема ново.

Покрив

Ако живеете во зграда и имате излез на рамен покрив, имате совршена можност ова лето да уживате во чиста страст со голема доза на романтика. Вие двајца заедно и небото над вас, ништо друго не ви треба. Препуштете и се на страста и подигнете го вашиот сексуален живот до невидени височини.