Македонски Телеком продолжува со еко-акциите за заштита на животната средина. Во текот на неделата кога се одбележува Денот на планетата Земја, 22 април, волонтери од компанијата пошумуваа и расчистуваа отпад во Скопје.
Со акцијата во соработка со Пакомак, се расчисти отпадот на детско игралиште во општината Аеродром и се посадија 100 нови дрвца. Во неделата кога се одбележува Денот на планетата Земја, волонтерите испратија порака за позелени и почисти урбани средини.
Заштитата на животната средина е дел од стратегијата на Телеком, којшто одговорно делува за решавање на еколошките предизвици. Заложбата за намалување на штетното влијание врз природата се реализира преку нашите активности: користење најнови дигитални технологии, ефикасни и обновливи извори на енергија, рециклирање и намалување на отпадот и правилно постапување со електронскиот отпад, акции за обнова на зелените површини и други еко-иницијативи.
Во овие активности компанијата активно ги вклучува вработените, а спроведува и кампањи со кои се поттикнува вклучување на корисниците коишто можат да дадат значаен придонес. Во тек е кампања за рециклирање електронски отпад, за што корисниците добиваат еко-попуст за купување нов 5G смартфон и учествуваат во акцијата за пошумување на опожарените региони, во која Телеком најави садење 1000 дрвја за секои 1000 вратени стари уреди.
Целта на овие иницијативи е заедно да делуваме за намалување на штетното влијание врз природата и да создадеме поздрава животна средина и подобра иднина за сите.