Едноставни и стилски : Шакира и Кајли Миног



Поп ѕвездата Шакира ги собра погледите на црвениот тепих на музичките награди Еchо 2014. Ѕвездата се појави во гламурозен фустан на Zuhair Murad. Класа и стил покажа и вечно младата Кајли Миног, која не заведе со мини кожена наметка. 


Шакира покажа супер тело, само година и половина по раѓањето на малиот Милан. Пејачката се појави со заводлив долг фустан на Zuhair Murad од колекцијата есен / зима 2014-15. Моделот е конзервативен, без длабоко деколте и со долги ракави, но и покрај тоа прекрасно ги одблеснува секси формите на колумбијката, велат од изданието розали.

Шакира се појави со традиционална пуштена коса на бранови без многу шминка и додатоци.


Кајли Миног пак се прошета по црвениот тепих во мини кожна наметка на Anthony Vaccarello, исто од есенско- зимската колекција.

Кајли повторно се довери на својот сакан дизајнер Маноло Бланик и неговиот модел сандали ” Chaos “.


Единствениот храбар акцент во визијата на Кајли беа сликовито црвените нокти кои сите ги забележаа кога пејачката им подари куп бакнежи на фановите.

Која ви се допаѓа повеќе?