Едно македонско име е најсекси во светот! Кои други имиња звучат секси?



Скарлет и Александар се најсекси имиња во светот. Рејтингот е составен од Baby Name Wizard преку гласање на десетици илјади лица.


Во топ-10 на најсекси имиња се: Скарлет, Николета, Наталија, Анаис, Паулина, Александра, Шанел, Сура, Адријана и Џулијана.

Меѓу најсекси машки имиња се: Александар, Лоренцо, Ред, Ромео, Матео, Димитар, Дане, Марчело, Данте и Реми.


Според учесниците во анкетата најмалку привлечни имиња се: Боб, Ернест, Норман и Дик, а меѓу женските: Гертруда, Берти, Агнес, Етел и Милдред.

Истражувањето траело пет години. Во 2014 година американскиот портал Fit Pregnancy ги одреди најхипстерските имиња за мажите и жените.


Тоа се Роман, Гуливер и Нико кај момчињата и Дора, Инес и Хилда кај девојчињата.