999..1000…
Ех , бре ова не е авион !!..Не може да полета !!..
Се обидуваше да ја вразуми , но залудно, таа беше дива , убавица ..
Нескротлива , силна како земјотрес , бучна како водопадите на Нијагара,…
Млечно белото порше , дента ги скротуваше далечините , чиниш топот на разуздани коњи го газат вжештениот асфалт ..
Лудото возење и дивата младост , собрани на едно место во бесен автомовил и две кожни седишта кои беа сведоци дента ..
Ја засака неговата кредитна картичка , луксузните ресторани , брендираната облека ..
Никој не можеше со неа , со дивата убавица која изникна од нигде никаде . Заробена во ритамот на секојдневието и монотонијата во својот живот , таа смело истапи напред , предизвикувајќи се себе си на двобој , и вешто стигна до триумф ..
Да са биде на врвот на листста на посакувани жени , жени кои газат се ‘пред себе , до постигнувањето на целта ..
Мажите беа играчка во нејзините раце , се’ додека не си обезбеди светла , блескава иднина , добар грб и пари …Пари !!!..
Автомобилот лудуваше дента , заедно со нив двајца , никој не можеше да ја предвиди таа страшна кривина и кутрото животно на патот ..Еден миг ..И тотална неконтрола го изместија животот од шините ..Секунди , три , два еден ..И бунило !!..
Не го виде кутрото животно во локва крв и нероденото исфрлено младенче , таа беше во комбето за Брза помош , заедно со него ..Болнички ходници , врисоци , неонски светла , адреналин и блокатор , пред реанимација на бесживотното негово тело …Борба за кислород , апарати , хирурши зафат , и бескрајна ноќ ..
Се освести дури сабајлето , полека ги отвараше очите и тапо гледаше во таванот на собата ..
Имаш среќа девојко , се спаси , те спаси Бог тебе и малечкото , но момчето е во критична состојба ..
Како ?..Кое малечко ?..Каде е тој ?- прашуваше и ја крена главата од перницата ..
Тој е лошо , не знам дали ќе преживее -беше искрена докторката ..
Но како ?..
Бремена си душо , веќе 2 месеци , бебето имало навистина среќа , го спасило воздушното перниче на автомобилот ..
Но како ?..Јас не можам да родам , пред две години имав абортус и тогаш дознав дека не можам да зачнам , вон матерично беше ..
Не душо , ова бебе е добро и го издржа судирот ..
Докторката си замина , и ја остави со насолзени очи ..
Се сети на него , тој беше татко на ова бебе …
Низ плач , созреа ..Низ плач остаре за еден ден …
Господи !!..Боже мој ..
Не ми го земај човекот !!!..
Те молам нека живее !!.
Јас сум крива ..Јас !!.
Казни ме мене Господе , само нека преживее !!!
Што ќе правам јас ?..
Немој Боже !!!…
Секундите стануваа вечност , додека стоеше покрај стаклото и го гледаше таткото на своето дете , како едвај го вдишува воздухот во градите …
Тој не знаееше , но таа разбра..
За што треба да живее и што е најсилно во животот ..
Разбра дека кредитните картички не можат да купат живот , ниту пак семејство и дом ..Таа разбра и со душа го чекаше ..
Да и се врати , да биде нејзин ..Со верба во Бога и молитва за прошка за се’што стори дотогаш .
Автор: Оливера Ширговска