Loading...

Еден ден ќе ти тежат зборовите кои сакаше да ги изустиш, а не ги кажа…Тој ден кога спомените ќе болат, и сликите ќе се редат …


За се што сакав..
И не се откажав..Еден ден ќе ја разбереш љубовта…Мојата…Ќе разбереш , зошто не се откажав…Никогаш…
Еден ден , кога далечината ќе го замати погледот, и пред себе ќе гледаш нејасна слика,на се она што можеше да биде, а не беше…
Залудни беа…А можеби и не беа , моите обиди, да го вртам кормилото на судбината во која секојдневието плетеше пајакова мрежа..
За се што сакав …
Еден ден ќе ти тежат зборовите кои сакаше да ги изустиш, а не ги кажа…Тој ден кога спомените ќе болат, и сликите ќе се редат…Дури тогаш ќе разбереш…Зошто јас не се откажав, и сиот свет го носев на плеќи… Дури тогаш…Кога во погледот на една невиност, ќе ја препознаеш сета љубов на овој свет кој дишеше за тебе…
Не сакам да го врвиш истиот тротоар, ти давам сила да ги смениш коцките, и се молам небото да ги пронајде одговорите кои стојат заклучени во мојата душа..
Ги барав,но ѕидовите беа бетон.. Не најдов ни една пукнатинка,од каде и таа малку светлина ќе успееше да ја стопли душата…
За се што сакав…
Во букварот на животот, јас сакав до последната страница, до последната буква …Знам не можев секогаш да бидам …Но не се откажав,…Никогаш…

Автор: ОЛИВЕРА ШИРГОВСКА