Две третини од луѓето кои се во брак копнеат по допири



Дури 75 отсто од оние кои се во брак или во врска копнеат за галење и нежност со партнерот. Најновото истражување покажало дека физичкиот контакт е важен за самодовербата. Презафатеноста, стресот и заморот предизвикуваат поголема потреба за нежни изливи на љубов, кои се манифестираат со прегратки и допири.


Дури две тритини од луѓето во стабилни врски сакаат да имаат повеќе сеанси на галење со партнерот.

Иако една третина од луѓето признаваат дека можат деновите да ги поминат без ниту еднаш да ја допрат саканата личност, тројца од петмина би сакале партнерот повеќе да ги гали.


Според истражувањето на една позната компанија, која се занимава со производство на кондоми, спроведено на 2.000 луѓе, повеќе од 80 отсто од испитаниците сметаат дека физичкиот контакт претставува важен елемент на врската, посебно што по бакнежот или допирот се чувствуваат попривлечно, поубаво и имаат повеќе самодоверба. Дури и паровите кои имаат редовен сексуален живот често ги запоставуваат малите нежности како гушкање или држење за раце.

Како најчеста причина за недостаток на нежност 32 отсто ја наведуваат рутуината, додека поголемиот број на луѓе признаваат дека партнерот го гушкаат и бакнуваат само до двапати дневно.