Дубаи раздава злато за симнати килограми



Дубаи ќе дели злато за симнати килограми во конкуренција за слабеење, кој ќе се одржи втора година по ред. Локалната управа на Емиратите ја организира трката, во која можат да се вклучат луѓе од сите возрасти и националности, кои страдаат од прекумерна тежина.


Победници ќе бидат оние кои ќе соборат минимум два килограми за два месеци, а за секој изгубен килограм тие ќе бидат наградени со килограм злато.

Во 2013 година благородниот метал го надмина износот од 540 илјади долари. Трката почнува на 15 јули и ќе трае до 15 септември.