Драган Таневски: Ќе го откачам, па ќе сфати што губи



„Ќе го откачам, па ќе сфати што губи.“ – често го слушам овој израз. Види, ако не сфатил додека бил со тебе, нема ни да сфати. Па дури и да сфати, што ќе ти е таков што толку споро сфаќа? Животот е наклонет кон интелигентни и свесни луѓе. Спремни да гледаат и она што е под површината. Иначе, владее такво некое слепило, не знам ни како да го објаснам. Слепило за вистински вредности. Слепило за она малку убаво што во секој од нас го има. Очајно ни требаат луѓе со такви очи. Иначе за слепило, плиткост и примитивизам, имаме тоа за извоз. Освен тоа, ако си му дала се на послужавник, може ќе те помеша со конобарка. Мораш малку да стекнеш самодоверба и да почнеш да селектираш кого пушташ во своја близина. Со пијан таксист не би седнала да се возиш, нели? Е па ако треба паметно да бираш таксист, колку попаметно треба да бираш некој со кого ќе поделиш прегратка, бакнеж, кревет? И ако веќе те злоупотребил и си заминал, радувај се будало. Си се спасила од изрод. Не стварно, ако се преокупираш со себе и она што си го заслужила, ќе прејдеш во фаза на егоцентричност и очекувања. Не ти треба тоа. Занимавај се со убави и вредни нешта. Тоа е еден вид светлина која можат да ја забележат само оние со посебно око. И само такви треба да те интересираат. Знаеш, понекогаш коњушарот е вистинскиот. Не е секогаш принцот.