Дознајте кој го посетува вашиот Фејсбук профил



Според тврдењата TechViral на следниов начин можете да дознаете кој го посетува вашиот профил. Иако од Фејсбук велат дека невозможно е да дознаете кој го посетува вашиот профил, некои тврдат дека на овој начин тоа е можно.


Еве го краткото упатство на TechViral, пишува sky.mk:

– Отворете го вашиот Фејсбук Тајмлајн


– Со десен клик на Тајмлајн ќе ви се прикажат дополнителни опции, кликнете на View page Source

– Ќе ви се отвори нова страница со кодови


– Кликнете CTRL+F а потоа во полето за пребарување напишете InitialChatFriendsList

kod

– Ќе ви се прикажат броеви кои всушност се ID на луѓето кои го посетиле вашиот Тајмлајн

– ID профилот би требало да биде петнаесетцифрен број – 2 (пример: 100001924873561-2)

– Во полето за веб адреси зад facebook.com впишете: петнаесетцифрениот број без делот -2 (пример: facebook.com/100001924873561)

Тоа е се`. ID броевите на луѓето кои почесто го посетуваат вашиот профил, наводно, се на врвот на листата.