Домашна смеса против воспалени синуси и затнат нос



Ако дишете тешко, носот ви е најчесто затнат и имате чести главоболки, можно е да патите од синуси.


Состојбата се влошува особено во постудените денови.

Доколку мислите дека сте пробале сè што сте можеле, а во ништо не сте го пронашле лекот, ви ја предлагаме оваа домашна смеса за која не ви е потребно многу време, ниту пари.


Состојки:

1 мала шолја мед
1 мала шолја сок од лимон
5 до 7 ротквици
1 мал виолетов кромид
6 чешниња лук


Подготовка:

Добро измијте го зеленчукот и излупете го кромидот и лукот. Исечете ги на четвртини и измиксирајте ги во блендер. Додадете ги сите состојки и повторно промешајте. Мешавината претурете ја во тегла и оставете ја во фрижидер.

Користење:

Возрасни лица земаат околу 2 лажици дневно, или повеќе по потреба. За децата препорачлива е максимум 1 лажица дневно. Првите реакции на препаратот ќе ги забележите по само 24 часа.