Домашен рецепт за убави трепки



Кога купуваме козметички средства, никогаш не сме сигурни што ќе земеме. Ќе го постигнат ли очекуваниот ефект или ќе остават грд белег за цел живот? Секогаш кога може, подобро е да се користат природни состојки.


Има нешто благородно во процесот на создавање од природни состојки, кога сами произведуваме нешто за свое добро. Ако сте презаситени од штетни хемикалии, пробајте го овој рецепт од природни состојки за разубавување на трепките сами дома. Ви требаат десетина природни состојки и желба.

Што е потребно?


празно шишенце од стара маскара
мал керамички или стаклен сад за мешање на состојките
рицинусово масло
масло со витамин Е или какво било бебешко масло за масирање или масло за коса што содржи витамин Е
гел алое вера
кокосово масло
маслиново масло
глицерин
вазелин
вода од ружи

Начин на подготовка


Во празниот керамички или стаклен сад ставете мала количина од рицинусовото масло (третина од содржината на шишенцето во кое ќе ја соберете мешавината). Додајте малку гел од алое вера и неколку капки глицерин, неколку капки од маслиновото и од маслото со витамин Е (две капачиња со големина на капсула), 6 капки од кокосовото масло и, на крајот, малку вазелин за смесата да се згусне.

На ова додајте вода од водата од ружи и мешајте додека да го почувствувате нејзиниот пријатен мирис, кој ќе го неутрализира мирисот на рицинусовото масло. Ако смесата ја изгуби својата густина и стане премногу течна, додајте уште малку од вазелинот. За да не се случи тоа, препорачливо е водата од ружи да се додава постепено, капка по капка.

Измешајте добро додека смесата се изедначи и префрлете ја во испразнетото и исчистено шишенце од стара маскара. Најлесно ќе ја префрлите со обичен пластичен шприц (претходно неупотребен!).

 

Какви ефекти треба да се очекуваат?

Рицинусовото масло ги згуснува трепките.
Гелот од алое вера ги издолжува.
Витаминот Е го забрзува растењето.
Вазелинотима својство да омекнува и да штити.
Маслиновото масло го има својството на заштита на влакната и нивно издолжување.
Кокосовото масло е добро за навлажнување на кожата на очните капаци, а на трепките им го дава потребното количество протеини.

Водата од ружи ќе ги омекне, навлажни трепките и ќе го поттикне нивното растење.

По редовно т.е. секојдневно нанесување на овој домашен лек на трепките, веќе по еден месец ќе може да се забележат позитивните ефекти – поцврсти, подолги, поубави трепки.