Домашен крем против брчки од само 3 состојки!



Брчките кои се појавуваат под очите се ноќен кошмар за секоја жена. Сите знаеме колку е нежен и деликатен тој предел, па поради тоа прво таму се појавуваат брчки. Од тие причини навистина е многу важно тој предел да биде постојано хидриран и добро нахранет, а за тоа не ви требаат скапи креми со штетни хемикалии.
Еве како да направите домашен крем за очи:
Потребни состојки:
1 лажиче кокосово масло
2 капсули витамин Е
3 капки масло од темјан
Подготовка:
Загрејте го кокосовото масло додека да се стопи и ставете го во тегла. Потоа додадете ги капсулите од витаминот Е, темјановото масло и полека мешајте. Добро затворете ја теглата и ставете ја во фрижидер. Кремот употребувајте го секоја вечер пред спиење.
Зошто е добар овојкрем?
Кокосовото масло одлично ја храни вашата кожа, додека маслото од темјан го спречува стареењето на кожата и е добро за нејзино затегнување. Витаминот Е го стимулира производството на клетки и ја заштитува кожата при сончање.