Домаќински трикови : 4 -те предизвици за чистење во бањата



Сите знаеме каква непријатна нечистотија се формира поради влагата и остатоците од сапун во бањата. Сигурно си имате изградено сратегија за чистење на кадата, мијалникот и тоалетот. Во ” собата за капење ” сепак има уште 4 особено проблематични области. Еве како да се справите со нив неочекувано лесно, советуваат од jenite:


туш
Истурете во пластична кеса бел оцет – доволно за да ја покриете слушалката на тушот, а потоа можете да си легнете мирно. Наутро само исплакнете со вода и радувајте се на чистиот туш !

туш кабина
Подгответе си паста за чистење, од неколку капки бел оцет со една чаша сода бикарбона. Нанесете ја пастата на вратата на туш кабината – конзистенцијата е доволно густа за да остане на местото. Почекајте еден час и изгребете со крпа од микрофибер.


Завеси за бања
Перете ги во машина за перење со вообичаеното количество детергент, плус неколку стари крпи. Тие ќе помогнат при триењето. Потоа едноставно вратете ги завесите на нивното место, за да се исушат.

Плочки, ѕидови, таван
Испрскајте ги плочките по подот и ѕидовите ( евентуално и таванот ) со универзален детергент. Пуштете жешка вода, додека се формира густа пареа. Потоа запрете ја водата, излезете од бањата и затворете ја вратата зад себе. Почекајте 20 минути, за да се измешаат добро пареата и препаратот. Избришете ги сите површини и ќе завршите работа!